Креирање на  Toolbar (лента со алатки)

 

Прво се подига програмскиот јазик Delphi и се прави избор на нова апликација File->NEW Application.

После поставување една компонента Toolbar  од палетата со компоненти Win32 на нашата Форма,

со притискање десен клик на истата се појавува мени од кое се бира додавање на ново копче (New Button)

кое автоматски добива име  ToolButton1,2,3 ...  и.т.н. зависно колку копчиња сакаме. Доколку сакаме да

додадеме разделница меѓу копчињата, од менито кое се добива со десен клик на нашиот Toolbar  ,

наместо  New Button  бираме New Separator  (со ова се прави групирање на копчињата) .        

                                 

За ставање на слики на копчињата од нашата лента со алатки се бира опцијата ImageList од палетата со

компоненти Win32 и се става на нашата Форма, се прави двоен клик на неа и се појавува Дијалог за бирање

слика во кој се притиска Add (додај), во кој бираме слика (дозволени слики се од типот BMP  и ICO)  и ако

сликата е преголема тогаш нуди опција за разделување на сликата на повеќе парчиња).         

За реализација на вежбата превземете ги следните слики со лев клик и File -> Save 

Уште останува да ги врземе листата со слики и лентата со алатки што се прави на следниот начин: се бира

нашата лента со алатки и во Object Inspector во  Properties се наоѓа Images и се доделува ImageList1.
 

ВЕЖБА : Да се креира лента со неколку копчиња за цртање стандардни фигури Delphi  при работа со CANVAS

(линија, правоаголник, круг, текст) и со нивно притискање да се појават фигурите во компонента Image1 од

палетата со компоненти  Additional.