Креирање на   MAINMЕNU (главно мени) и POPUP (извлекувачко мени) 

  После поставување на една компонента MAINMENU од палетата со компоненти Standard со десен клик на истата се појавува дијалог
MENUDESIGNER
во кој ги пишуваме опциите на главното мени (опциите се впишуваат во Properties - Caption).


       

После поставување на една компонента
од палетата со компоненти Standard (пример edit, label, button  или друга по ваш избор) се става  
POPUPMENU
од палетата со компоненти Standard. Со десен клик на истата се појавува дијалог MENUDESIGNER во кој ги пишуваме
опциите на извлекувачкото мени одвоени со ЕНТЕР (опциите се впишуваат во
Properties - Caption).  Потоа треба ова POPUPMENU да го
придружиме на соодветната компонента и тоа се прави со селектирање на компонентата која сте ја избрале, во
Properties - POPUPMENU
се бира соодветното
POPUP мени кое го доделувате (во вашата форма можете да имате повеќе popup менија па мора да се дефинира
кое мени на која компонента кое мени го доделувате).

        

ВЕЖБА : Да се креира главно мени со неколку опции од MS Word преведени на Македонски јазик. Да се сместат три компоненти (Edit, Label, Button )

од палетата со компоненти
. Да се креираат три различни POPUP менија:
првото мени со опции: сечи, копирај и лепи;
второто мени со опции: дебели, накосени и подвлечени;
третото мени со опции: фонт, боја, големина.

П.С. Менијата само ќе бидат креирани визуелно а бидејќи нема никаков програмски код креирано позади нив нема да работат ништо... Доколку сакате
барем една од нив да функционира направете двоен клик на една од опциите и впиШете наредба за затворање на формата и RUN.