Креирање на ФОРМИ НА БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

Прво се подига програмскиот јазик Delphi се прави избор на нова апликација File-NEW Application. Се бира опцијата TOOLS - Database Desktop од главното мени. Во оваа опција се подига нов прозор како на сликата:
  Во ново отворениот прозор со опцијата File-Working Directory се дефинира работниот директориум (фолдер) во кој ново
оформените табели ќе бидат запамтени (за да се има контрола каде ќе памти).

Потоа во овој отворен прозор се креира нова табела со опцијата File-New-Table од типот DBASE4 (изборот се прави според вашата потреба).
Потоа се дефинира структурата на табелата (од кои полиња - Field ќе се состои). Да се направи табела ucenici.dbf која ги има следните полиња со дадените на сликата типови и резервирани места.

Потоа се внесуваат податоци во креираната табела. По направената табела ucenici.dbf се прави форма за ажурирање на оваа табела со опцијата Database -Form Wizard. Се бира Create Simple Form како на сликата (се креира обична форма на база на една ).
потоа се бира ucenici.dbf или друга табела за која сакаме да направиме форма за ажурирање (внес,измена, бришење) па Next , потоа се бираат кои полиња - Fields ќе бидат во формата со префрлање од лева на десна страна како на Сликата.


Потоа бираме начин на распоредување на полињата - Fileds - хоризонтално, вертикално, мрежесто - grid  како на Сликата (овде изберете вертикално апотоа провајте ги и другите опции), па Next
 
Потоа се бира опцијата лабелите да се сместени од левата страна како на Сликата (Изберете опција Left или Top ) па Next.
 
Потоа се бира да биде направена главната форма ( Generate Main Form) заедно со податоците кои се претходно внесени т.е. кај опцијата Form Generation се бира Form Only  како на сликата. 

 
и FINISH.