Креирање на Toolbar (лента со алатки) за сечење, копирање и лепење на тескт


 
Прво се подига програмскиот јазик Delphi и се прави избор на нова апликација File->NEW Application.. После поставување на една компонента Toolbar  од палетата со компоненти Win32 на нашата Форма, со притискање десен клик на истата се појавува мени од кое се бира додавање на ново копче (New Button) се поставуваат 3 Buttons. Потоа се додава еден Richedit  од истата палета со компоненти Win32. За ставање на слики на копчињата од нашата лента со алатки се бира опцијата ImageList од палетата со компоненти Win32 и се става на нашата Форма, се прави двоен клик на неа и се појавува  ImageListEditor Dijalog  за бирање слика во кој се притиска Add (додај), во кој бираме слика (дозволени слики се од типот BMP  и ICO)  и ако сликата е преголема тогаШ нуди опција за разделување на сликата на повеЌе парчиња).

Уште останува да ги врземе листата со слики и лентата со алатки што се прави на следниот начин: се бира нашата лента со алатки и во
Object Inspector во Properties се бара Images и се доделува  ImageList1. На првиот Button  со двоен клик на него му се додава следниот код: richedit1.CutToClipboard; На вториот Button со двоен клик на него му се додава следниот код: richedit1.CopyToClipboard; На третиот Button со двоен клик на него му се додава следниот код: richedit1.PasteFromClipboard; Истите кодови се применуваат и во MainMenu (главна опција -Tekst со подопции Seci, Kopiraj, Lepi) и со  PopUpMenu (со опции  Seci, Kopiraj, Lepi). Вежбата да се изработи комплетно со се лента со алатки, MainMenu  и PopUpMenu  !!!