Променливи во PHP script програми

PHP податочни типови

   Декларирането на променливи во PHP се извршува кога ќе го напишеме знакот
$ и непосредно после него името со кое сакаме да ја идентификуваме променливата.

<?php
$txt = "
Zdravo na site!";
$x = 5;
$y = 10.5;
?>

    По извршувањето на горниот пример променливата  $txt ќе има вредност „Zdravo na site!“, $x ќе има вредност 5, а $y ќе има вредност  10.5. За разлика од другите програмски јазици, кај PHP нема определена наредба за декларирање на променлива.     Тие се создават при првото  иницијализирање (задавање вредност).
Исто така, PHP е без типов јазик. Тоа означува, дека на еден и ист начин се создаваат променлива од типот string, integer,float или boolean. Поточно со доделување на некоја вредност  на името на променливата PHP автоматски ја декларира променливата во соодветен тип, вo зависност од типот на вредноста која е зададена.
    Кај другите програмски јазици  како на пример  C, C++ треба да се декларира типот на променлива пред да се започне да се користи.
    Најважно, кое треба да го имате во предвид при создавањето на променливи е  :

  • Променливата започнува со $ знак следен од името (без празно место меѓу нив)
  • Името треба да започнува со буква или _(долна црта)
  • Името на променливата не може да започнува со цифра
  • Може да содржи само букви, броеви и долни црти
  • $age и $AGE са две различни променливи, затоа што PHP е case-sensitive јазик.