PHP - Едноставна HTML форма

За да креирате форма, ја користите ознаката (tag) <form> како што следува:

<form action="form.php" method="post">

</form>

Ознаката (tag) <form> има два важни атрибути:

    Акција (action) : ја специфицира URL-то што го обработува поднесувањето на податоците од страна на формата (вредностите кои формата му ги испраќа). Во овој пример, form.php ќе ја обработи формата.

    Метод (method) : го специфицира методот HTTP за доставување податоците од формата. Најчесто користените методи на форми се POST и GET. Во овој пример, методот на форма е POST.

Методот на форма е нечувствителен на букви. Тоа значи дека можете да се користи една од следните опции post, POST, get,  GET.

Обично, формата има еден или повеќе влезни елементи, вклучувајќи текст, лозинка, поле за избор, радио копче, избор, поставување датотека, итн. Влезните елементи честопати се нарекуваат полиња.

Влезните елементи - полињата ги имаат следниве важни атрибути име, вид и вредност. Атрибутот за името ќе се користи за пристап до вредноста во PHP.