PHP структури за повторување

Циклусите во PHP се користат за извршување на истиот програмски код одреден број пати. 

PHP поддржува следниве четири типа на циклуси.

    1. for - Циклуси кој определен програмски код го повторува одреден број пати.

    2. while - Се циклуси кои определен програмски код го повторуваат се додека 
зададениот услов е точен.

    3. do-while - Се циклуси кои определен програмски код го извршуваат еднаш, 
а потоа го повторуваат циклусот сè додека е  се додека зададениот услов е точен.

    4. foreach - Се циклуси кои определен програмски код го извршуваат  за секој 
елемент во низата. 

    Ќе биде кажано и за клучните зборови continue и break кои што се користат за 
контрола на извршувањето на циклусите.
 
PHP структура за повторување - for

Ги вклучува следниве три важни делови -
- Иницијализација на циклусот каде што ја иницијализираме нашиот бројач-променлива со почетна вредност.
Изјавата за иницијализација се извршува пред да започне циклусот.
- Изјава за тест што ќе тестира дали дадениот услов е точен или не. Ако условот е точен,
тогаш кодот даден во внатрешноста на циклусот  ќе се изврши, во спротивно  циклусот ќе заврши.
- Изјава за повторување каде што можете да го зголемите или намалите вашиот бројач-проманлива.
Сите три дела можете да ги ставите во една линија разделени со точка-запирка.
Графиконот на наредба за повеќе кратно повторување - циклус for изгледа како што следува

 

Структура на наредба за повеќе кратно повторување - циклус for

for (inicijalizacija; uslov; azuriranje na brojacot) {
   naredbi; // ke bidat izvrseni ako uslovot e vistina
}
Пример
<html>
   <body>
      <?php
         $a = 0;
         $b = 0;
         for( $i = 0; $i<5; $i++ ) {
            $a += 10;
            $b += 5;
            echo (" a = $a b = $b <br>" );
         }
         echo ("Na kraj na ciklusot a = $a i b = $b" );
      ?>   
   </body>
</html>