PHP - HTML submit Button

    HTML копчето submit се користи за доставување податоци од формата до php страницата која е спомената во атрибутот action како во примерот:

    <form Name ="form1" Method ="POST" ACTION = "podatoci.php">

    Значи, страницата спомената во атрибутот ACTION е podatoci.php. За да ги доставите податоците од формата до podatoci.php , потребно е само HTML копче за испраќање submit:

    <INPUT TYPE = "Submit" Name = "Submit1" VALUE = "Isprati">

    Не треба да правите ништо посебно со копчето submit - целото испраќање се прави во позадина. Се додека во формата има како action дефинирано која php страна - скрипта ќе ги прифати испратените податоци (тоа може да е и таа страна во која е формата што ги испраќа податоците), тогаш вашите податоци ќе бидат испратени со притискање на копчето. Копчето submit се нарекува „submit1“, но можете да го наречете како сакате. Во value се пишува текстот што ќе се појави во копчето.